Без име на државава Сиљановска Давкова положи венец на спомен плочата на Св. Кирил и Методиј

Макфакс

25/05/2024

19:59

2.316

Големина на фонт

а а а

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска – Давкова вчера на своето прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, постави венец, но бидејќи не го признава уставното име Северна Македонија, на венецот нема име на држава, туку пишува „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“.

Откако стапи на должноста, Давкова избегнува да го каже името на државата, а освен уставното име таа не го изговара ниту името Република Македонија.

Претседателката Сиљановска Давкова ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, соопштија од кабинетот на претседателката.