[ФОТО] Џерард Батлер повторно заљубен: Наводно е во врска со 25 години помлада манекенка

Точка

04/07/2024

11:45

3.203

Големина на фонт

а а а

Шкотскиот актер Џерард Батлер (54) наводно е повторно заљубен, а неговото срце го освоила 25 години помладата манекенка Пени Лејн.

Батлер и ѕвездата на „Sports Illustrated“ биле видени како се шетаат низ ридот „Primrose“, а подоцна биле забележани како разговараат во добро расположение во еден локален паб. Според фотографиите кои ги објави „The Sun“, парот бил расположен, а убавата манекенка во еден момент му ја ставила раката на рамото на Батлер, по што парот почнал да се смее.


Инаку, Пени Лејн неодамна го привлече вниманието на ревијата организирана од магазинот „Sports Illustrated“, на чија насловна се појави минатата година.



Пени досега има работено за познати брендови, како „Dolce & Gabbana, Armani, Balmain, SKIMS, Burberry и Intimissimi“, а се појави и во спотот за песната на Дрејк „Falling Back“ од 2022 година. Таа дојде да позира за „Sports Illustrated“ откако во 2023 година беше една од вкупно седумте победници на „SI Swim Search“, пренесува „Men's Journal“.


Пред Пени, Џерард Батлер девет години беше во врска со дизајнерката на ентериери Морган Браун, а го поврзуваа и со романската манекенка Мадалина Гене и Џенифер Анистон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг