Дел Боске: Шпанија стана многу подобар тим благодарение на двајца имигранти во тимот!

Дерби

04/07/2024

12:23

1.739

Големина на фонт

а а а

Висенте Дел Боске е убеден дека Шпанија ќе извојува победа против Германија во утрешното четвртфинале на Европското првенство, но исто така е реален и вели дека овој тим на Де ла Фуенте нема да биде толку силен без двајца „увезени“ фудбалери.

Ламин Јамал и Нико Вилијамс изгледаат незадржливо во досегашниот тек на шампионатот и прават огромна разлика на крилата, а за разлика од некои други шпански фанови и експерти кои имаат проблем да го признаат нивниот учинок, Дел Боске потенцира дека „фуријата“ станала многу подобар тим поради нив двајца.

– Имаме двајца имигранти во тимот кои нè направија многу подобри. Има луѓе на кои не им се допаѓаат имигранти, но Нико и Ламин направија огромна разлика.

– Уште подобро е кога се гледа колку се горди и насмеани што играат за шпанската фудбалска репрезентација, – додава Дел Боске.

Четвртфиналната програма на Европското првенство ќе почне токму со дерби пресметката меѓу Германија и Шпанија, а истата се игра утре во Штутгарт со почеток од 18:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг