Комплетен распоред на четвртфиналето на Европското фудбалско првенство 2024

Макфакс

04/07/2024

21:21

1.424

Големина на фонт

а а а

Европското првенство во Германија донесе неколку здодевни и неколку спектакуларни натпревари во осминафиналето.

Епилогот се две дијаметрално спротивни патеки до финалето на турнирот.

На едната страна од „костурот“ не очекуваат два фантастични дерби натпревари.

На друга страна, најголемо изненадувања на турнирот се Англичаните.

Четвртфиналето носи дуел на двете селекции со најмногу трофеи во историјата на ЕП – Шпанија и Германија.

Исто така, ќе имаме можност да ја проследиме и пресметката на две селекции со врвните состави на Португалија и Франција.

Од друга страна, сите очекуваат полуфинале меѓу Англија и Холандија, но прво треба да се соочат со репрезентации кои покажаа дека никој не им е фаворит – Швајцарија и Турција.

За потсетување Европското првенство се одржа прво во шест четиричлени групи од кои во осминафиналето се пласираа по двете најдобри селекции, а таму заминаа и четирите најуспешни третопласирани селекции.

Ова е комплетниот распоред на четвртфиналето на Европското фудбалско првенство 2024

петок, 5 јули

18 Шпанија – Германија

21 Португалија – Франција

Сабота, 6 јули

18 Англија – Швајцарија

21 Холандија – Турција




Спонзорирани линкови

Маркетинг