Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон

Макфакс

04/07/2024

21:22

491

Големина на фонт

а а а

Седумкратниот шампион Ѓоковиќ го победи Џејкоб Фернли со 6:3, 6:4, 5:7, 7:5 и в сабота ќе игра против Алексеј Попирин.

“Честитки за него за одличниот натпревар. Се бореше, веруваше иако беше во негатива од два сета и еден брејк.

Не бев ниту јас на ниво. Многу предизвикувачки услови, ветровито. Не беше лесно да се најде вистинското темпо. Мислам направив доволно за да победам“

„Имав и среќа што не заостанав. Се надевам дека ќе бидам подобар во иднина“ изјави Ѓоковиќ.

Негов следен ривал ќе биде Алексеј Попирин, кој го елиминира Томаш Мартин Ечевери по пет сета.

„Го видов како победи во трилер од пет сета. Сака да игра сервис+форхенд. Имавме одличен натпревар во Австралија.

Мислам дека има добри движења, Станува збор за комплетен играч.

Висок е, сервира добро, и ќе биде тешко да се игра против него.

Можеби клучот ќе биде ако добро ги прочитам неговите сервиси.

Затоа очекувам голем предизвик и пред се силен противник“, изјави Ѓоковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг