Ендокринолозите: Елиминирајте ја оваа храна и кажете му збогум на растот на шеќерот во крвта

Точка

25/07/2024

11:09

16.724

Големина на фонт

а а а

Сите дијабетичари најчесто мораат да ја сменат својата исхрана, бидјеќи одредени намирници можат да го зголемат нивото на глукозата во организмот. Според ендокринолозите, најважно е да се посвети внимание на гликемскиот индекс на храната.

Гликемискиот индекс е скала која се користи за одредување на тоа колку брзо одредена храна ја зголемува глукозата во крвта. Така на пример црните рибизли имаат гликемиски индекс 15 додека пак кај зрелите банани тој изнесува 60. Низок гликемски индекс се движи од 0 до 55, средно висок гликемиски индекс е оној од 56 до 69, а висок е оној од 70 нагоре.



Храната со висок гликемиски индекс може да го принуди телото да се обиде да произведе бран од инсулин за да се спротистави на брзо влијателните јагленихидрати, а вообичаена последица од тоа е чувство на глад во рок од два до три часа, појаснува diabetes.co.uk.

За луѓето со дијабетес ова може да биде особено опасно бидејќи способноста на телото да го контролира нивото на глукоза во крвта е намалена или воопшто не постои.



Највисок гликемски индекс има во печиво, сушеното овошје, шеќерот и јадењата со додаден рафиниран што значи дијабетичарите треба да ги избегнуваат.
Што се однесува до храната која е идеална за дијабетичарите, лекарите ги нагласуваат: јачменот, зеленчуците, особено марулата, кромидот, лукот, тиквиците и тиквите. Најдоброто овошје за дијабетичарите се бобинките, сливите, кивито и грејпфрутот. На дијабетичарите им се дозволени и млечни производи без додаден шеќер како и свежите сирења и јајцата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг