[ВИДЕО] Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете

Макфакс

26/07/2024

20:40

3.019

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.

„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.

Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг