[ФОТО/ВИДЕО] Незаборавна ноќ на Билјанини извори: По спектаклот кој го приреди, Лени Кравиц се дружеше со Каролина Гочева

Точка

05/08/2024

19:39

4.896

Големина на фонт

а а а

Лени Кравиц е познат по својот неверојатен глас, енергија и изглед на кои не можат да парираат ниту децении помладите момци.

Оваа рок легенда, синоќа (4 август) ѝ приреди вистински спектакл на својата многубројна публика во Охрид, која со нетрпение го очекуваше неговиот трет концерт во Македонија. Тој првпат настапи во Охрид во 2008 година, а потоа имаше концерт и во Скопје во 2019 година.


Кравиц повеќе од час и половина не застана. Пееше, свиреше на гитара, комуницираше со публиката и ширеше љубов.

60-годишниот музичар е на турнеја на која го промовира новиот албум Blue Electric Lights, но за своите фанови не ги заборави ни најголемите хитови, кои му ја одбележаа кариерата – I Belong to You, It Ain’t Over ’Till It’s Over, American Woman, Are You Gonna Go My Way и други.


Врв на вечерта, барем за оние во првите редови од фан питот, беше моментот кога американскиот музичар се симна меѓу публиката, па најсреќните имаа можност да направат селфи или да го допрат.

Една од оние кои присуствуваа на овој концерт беше и македонската поп принцеза Каролина Гочева, која денес сподели заедничка фотографија со Кравиц на својот инстаграм-профил.


„Имал среќа што се сликал со тебе“, „Две вистински ѕвезди“, „Легенди“ и бројни коментари со љубов и воодушевување се најдоа под нејзината објава.


Да се надеваме дека македонската публика му остави добар впечаток, па нема да чекаме долго за да го пречекаме и во Скопје!