Еве кога промената на вагиналниот секрет е причина за тревога: Ако е во оваа боја – веднаш упатете се кај лекар, пред да биде предоцна

Точка

12/08/2024

14:23

4.392

Големина на фонт

а а а

Универзалната вистина е дека доколку имате вагина, во некој момент ќе имате и секрет. Изгледот и количината, додуша, ќе варираат во зависност од фазата на менструалниот циклус, вашето расположение и слични работи, ќе има денови кога ќе го има повеќе, ќе има денови кога нема да имате никаква трага на долната облека, но сето ова е нормално.

„Вагината сама се чисти“, вели д-р Џесика Шеперд, гинеколог во Универзитетската болница Бејлор во Далас, за порталот „Prevention“.

„И тоа така што постојано создава секрет кој ги исфрла вишокот бактерии, или оние кои се штетни.


Што е точно вагинален секрет?

Генерално, се состои од слуз кој го лачат жлездите кои се наоѓаат во грлото на матката и мукозни клетки, кои се „лупат“ од ѕидовите на грлото на матката и вагината.

Па, иако вагиналниот секрет е сосема природна и вообичаена појава, за него ретко се зборува и многу девојки не знаат доволно за него. Затоа, не е чудно што често и се вознемирени кога ќе забележат извесна промена.


Еве што треба да знаете

Бистар, проѕирен секрет – Без грижи

Ова е веројатно секретот што го имате најчесто. Сигурно сте забележале дека се повеќе се лачи после секс, или да речеме после вежбање. Количината која вашето тело ќе ја произведе во текот на денот зависи од фазата на вашиот менструален циклус, но генерално го има помалку веднаш по менструацијата, а повеќе околу времето на овулацијата.

Млечно-бел исцедок: Без грижи

Овој секрет исто така се смета за нормален, а може да се појави во различни фази од циклусот, најчесто во првата половина. Генерално не е причина за загриженост, но доколку имате други симптоми, печење, чешање или исцедокот е видно густ, можеби се работи за габична инфекција и не би било лошо да одите на гинеколог.

Проѕирен секрет кој се „растега“ како белки: Без грижи

Вашето тело е подготвено за овулација, нивото на естроген се зголемува непосредно пред неа, а тоа може да доведе до зголемено лачење на светкав проѕирен секрет кој се „растега“ како жива белка од јајце. Тоа е добар знак што покажува дека можете да забремените (ако сакате, се разбира).


Светло розов секрет: Без грижи

Непосредно пред менструацијата понекогаш се појавува светло розов исцедок и тоа е нормално, а менструацијата ќе започне за неколку дена. Но, доколку се појави светло розев секрет, а не очекувате менструација, може да се случи да станува збор за имплементација на оплодена јајце клетка, па во тој случај тоа е знак за рана бременост.

Бел, грутчест исцедок: црвено светло, посетете лекар

Млечно-бел исцедок е нормален, но сирест, грутлив – не е. Во повеќето случаи, тоа е габична инфекција. Иако можете да купите антимикотици без рецепт, во аптеките е многу попаметно да се оди на лекар.

Секрет кој мириса на риба: Црвено светло, посетете лекар

Во принцип, здравиот исцедок нема никаков мирис, освен мирисот на вагината. Но, доколку чувствувате поинтензивен мирис, особено ако потсетуваа на риба, посетете лекар, бидејќи во најголемиот број случаи тоа е симптом на бактериска вагиноза.


Ако се работи за бактериска вагиноза, секретот може да биде белузлав или сивкав, количината може да варира, но мирисот е предупредувачки знак.

Посетете гинеколог што е можно поскоро, бидејќи ќе ви требаат антибиотици.

Најважно од сè е да знаете што е „нормално“ за вас и вашето тело, бидејќи само така ќе бидете сигурни дека ќе забележите нешто необично. Обрнете внимание на ситниците, запознајте го вашето тело и не грижете се. Дури и ако повремено имате проблем, сè што треба да направите е да посетите лекар. Не третирајте се сами, и сè ќе биде во ред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг