Сабрина Карпентер, која ги освои музичките топ листи со хитот „Espresso“ го привлече вниманието со атрактивното издание на фестивалот „Outside Lands“ во Сан Франциско.
Таа за оваа пригода избрала костим украсен со светки и мрежести чорапи над колената. Изгледот го комплетирала со нагласена шминка и нејзината препознатлива фризура со шишки.
Сабрина неодамна беше на мета на критики од оние кои мислат дека „отишла под нож“. Коментарите велат дека таа изгледа значително поинаку во однос од пред 10 години, кога за првпат се појави на сцената.
Пејачката е во врска со актерот Бери Киоган кој се појави во спотот за нејзината песна „Please, Please, Please“, која исто така стана голем хит.
„Тој ја сака песната. Му се допаѓа текстот и многу сум му благодарна за тоа. Не сакам да звучам пристрасно, но мислам дека тој е еден од најдобрите актери на новата генерација. Фактот што глумеше со мојата песна го направи спотот уште попосебен“, изјави таа неодамна.
Кога имала 10 години, Сабрина почнала да објавува видеа на Јутјуб пеејќи синглови од Кристина Агилера и Адел. Нејзиниот татко набрзо ѝ направил музичко студио за да може да вежба. Во 2009 година, Карпентер го освои третото место на музичкиот натпревар „The Next Miley Cyrus Project“.