[ФОТО] Ручекот тука чини три евра, а кафето 30 центи: Оваа медитеранска земја со неверојатна убавина незаслужено останува надвор од радарот на многу туристи

Точка

04/09/2024

22:52

32.723

Големина на фонт

а а а

Роберт Дацешин, еден од патописците којшто честопати воодушевува со интересните снимки на социјалните мрежи, неодамна се јави од Алжир, одличната дестинација со поволни места кои нудат голем број различни содржини, а без преголем број туристи.

„Тука на пример можете да ја испиете едното од најевтините кафиња во светот коешто ќе го платите околу 30 центи, а притоа ќе уживате во погледот на џамија стара повеќе од илјада години“, вели патописецот.


„Вистина е дека Африка е континентот којшто најмалку го имам посетувано, и имам посетено само 10африкански земји, но според мене грлавниот град на Алжир – Алжир е најубавиот град којшто го имам посетено. Тоа е град со 2, 5 милиони жители, којшто нуди можност да доживеете вистинска егзотичност, богата историја, каде што можете да запознаете срдечни луѓе и да вкусите едно вистинско патничко искуство по неверојатно ниски цени“, раскажува Роберт.

„Југоисточна Азија е синоним за евтини патувања, но мислам дека Алжир и Иран се најевтините места коишто ги имаат посетено во скоро време. Почнувајќи од цените на ручекот коишто се движат од три до четири евра, кафето и чајот чинат околу 0,30 евра, додека пак возењето со такси десетици километри ќе ве чини од два до три евра, а притоа влезот во речиси сите атракции во градот Алжир се бесплатни“, раскажува Роберт.


„Иако ниту на мене оваа дестинација не ми беше ставена на мојата „bucket“ листа, откако го посетив Алжир можам слободно да кажам дека Алжир го има едниот од најдобрите соодноси на цената и квалитетот од сите дестинации коишто ги имам посетено досега“, вели Роберт.

„Ако е Алжир земјата во којашто многу може да се почувствува француското влијание, почнувајќи од архитектурата, храната па сè до францускиот јазик, којшто тука е подоминантен дури и од арапскиот којшто е службен јазик, меѓутоа можам да кажам дека градот Оран е „најфранцускиот“ град во Алжир.


Овој град го добил прекарот „Париз во Африка“, и претставува место во коешто на еден невообичаен начин се спојува француската архитектура со примеси од ориентален стил, а сето тоа навистина изгледа привлечно и убаво“, вели Дацешин.


Во овој град денес живеат околу два милиони жители, а тоа што е особено впечатливо е големиот број на катедрали коишто можат да се забележат низ целиот град. Покрај ова, тука е и прекрасната тврдина „Santa Cruz“ до којашто може да се стаса преку жичарница и тоа по цена пониска од едно евро, а од каде ќе го имате најубавиот поглед на градот.


Роберт исто така препорачува да се посетат и местата „Grand Post“ и „Palais de la Culture“ коишто се наоѓаат во стариот дел од градот познат како „Kazba“.


„Она што е најдоброто од сè е дека воопшто нема туристи. Имено, не паметам дека во скоро време бев во земја со толку голема историја, а којашто речиси никој не ја посетуваше во изминатите пет денови откако сум тука, и не сум сигурен дека имам видено барем еден турист“, вели Роберт.

„Поради тоа доколку размислувате да отпатувате на некоја егзотична и „дива“ дестинација којашто не ја зафатил ниту грам од масовниот туризам, Алжир може да биде супер опција“, објави Дацешин на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг