„Volkswagen“ предупредува: „Имаме уште една или можеби две години“

Точка

04/09/2024

21:38

13.429

Големина на фонт

а а а

Арно Антлиц, главниот финансиски директор на „Volkswagen“ групата, изјави дека оваа компанија има уште околу една или можеби две години за да ги „пресврти работите“.

Тој потенцираше дека оваа компанија „веќе некое време троши повеќе средства за брендот“ отколку што остварува приход.


„Доколку сега успееме на одржлив начин да ги намалиме трошоците и да вложиме во палета од модели, тогаш ние ќе бидеме тие коишто ќе ги создадеме условите за наредните генерации да можат исто така да работат за „Volkswagen“ тука во Германија, изјави на состанокот со вработените, Томас Шафер, генералниот директор за на патничките автомобили на „Volkswagen“.


Финансискиот директор на германскиот произведувач на автомобили потенцираше дека компанијата во Европа предвидува пониска годишна продажба од 500.000 автомобили во споредба со нивото на продажба пред пандемијата, а коешто е еднакво на производство на два фабрикантски погони.


Исто така главниот извршен директор на „Volkswagen“, Оливер Блуме, откри дека оваа компанија би можела да ги затвори своите фабрики во Германија, а како дел од програмата за намалување на трошоците на компанијата



Спонзорирани линкови

Маркетинг