Сè повеќе млади откриваат дека се абросексуалци, дали знаете што значи овој израз?

Точка

06/09/2024

21:16

4.342

Големина на фонт

а а а

Ема Флинт, новинарка од Велика Британија, се соочува со бројни критики и негативни коментари, откако јавно откри дека е абросексуалка. Триесет и две годишната жена, изјави за „Metro“ дека се соочила со критики дури и од нејзини блиски, коишто ѝ велеле дека таа тоа го „измислила“ и дека не „постои“ такво нешто.


Ема откри дека на почетокот и самата била збунета. Неколку денови се чувствувала како лезбијка, а потоа неколку денови се чувствувала како бисексуалка или хетеросексуалка. Потоа Ема сфатила дека нејзината сексуалност е флуидна.

Инаку абросексуалноста во последните месеци е честа тема на „ТикТок“, каде што бројни припадници на генерацијата „Z“ ги споделија своите искуства и констатирале дека се абросексуалци.

Што е абросексуалност?


Абросексуалноста е поим којшто ја опишува сексуалната ориентација којашто варира и се менува со текот на времето. Лицата коишто се идентификуваат како абросексуалци можат во различни периоди да чувствуваат привлечност спрема различни полови, а таа привлечност може да биде краткотрајна или долготрајна. Тоа што оваа сексуална ориентација ја прави специфична е флуидноста на сексуалните преференции, без јасна временска рамка за промена – тие можат да траат од неколку часа до неколку години. Абросексуалците не чувствуваат постојана привлечност спрема определен пол, туку нивната сексуална ориентација осцилира.


Така на пример, личноста може во еден момент да ја привлекуваат жени, а подоцна мажи, или пак во одреден период таа може да се идентификува како асексуална (без чувства за сексуална привлечност). Абросексуалноста се разликува од другите сексуални ориентации како што е пансексуалноста или полисексуалноста, според тоа што кај абросексуалците постои променливост во привлечноста спрема одредени полови. Додека кај пансексуалноста, привлечноста е постојана без оглед на полот или родовиот идентитет, за разлика од абросексуалноста кај којашто овие преференци флуктуираат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг