[ФОТО] Оваа мајка има 800 тетоважи на нејзиното тело: „Не ми даваат да ги земам децата од училиште, а не можам ниту да се вработам“

Точка

07/09/2024

15:19

3.767

Големина на фонт

а а а

Мелиса Слоун од Велс, позната е по тоа што нејзиното тело вклучувајќи го и лицето потполно се прекриени со тетоважи. Оваа мајка на две деца верува дека таа е една од најтетовираните личности во светот и вели дека целта ѝ да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

И покрај тоа што го сака своето тело прекриено со тетоважи и продолжува да се тетовира дури три пати неделно, од друга страна Мелиса честопати се среќава со отфрлање поради нејзиниот специфичен изглед. Поради нејзината страст кон тетоважите таа се соочува со ограничувања во секојдневниот живот, вклучувајќи ја неможноста да најде работа, да пристапи во училишта, а дури и во локални пабови.

Мелиса којашто има 47 години признава дека ѝ недостасуваат посетите на омилената пивница и разговорите со луѓето таму, но додава дека сега ништо не може да смени.

„Не можам да најдам работа. Никој не сака да ме вработи поради тетоважите. Се пријавив на оглас за хигиеничарка на тоалети, но и тука не ме вработија поради мојот изглед“, вели Мелиса за „Mirror“.

Покрај проблемите со пронаоѓањето на работа, Мелиса се соочила и со дискриминација во училиштето во коешто учат нејзините деца, каде што ѝ забраниле да присуствува на училишните настани. Мелиса вели дека исто така и забраниле да влегува во училиштето во текот на училиште приредби, поради што таа морала приредбите да ги гледа низ прозорецот.


Нејзината зависност од тетоважи предизвикала проблеми и со тетовирањето, бидејќи многумина „тату мајстори“ одбиваат да и прават нови тетоважи на лицето поради тоа што стравуваат дека Мелиса веќе ја преминала границата и дека има премногу тетоважи.

„Одредени „тату мајстори“ ми кажаа дека не можат веќе да ми помогнат бидејќи имам отидено предалеку“, објаснува Мелиса, и додава дека во минатото исто така ѝ бил забранет влез во пабовите поради нејзините тетоважи.

„Луѓето ме гледаа како да сум никој и ништо“, вели Мелиса.

Со речиси секој дел од лицето прекриен со тетоважи, Мелиса направила чекор повеќе и старите дизајни на тетоважи на лицето ги прекрила со нови создавајќи неколку слоеви од тетоважи на лицето, а моментално вели дека има три слоеви тетоважи на лицето.

„Целта ми е Гинисовиот рекорд“, потенцира Мелиса.


Покрај нејзините обиди да ги прикрие тетоважите со шминка, Мелиса не успеала да пронајде работа и вели дека нејзината зависност од тетоважи е толку силна што и понатаму планира да продолжи со тетовирањето сè додека има празни места на нејзиното тело.

„Доколку доживеам 70 години, и понатаму ќе се тетовирам“, додава Мелиса, и вели дека нејзината кожа на одредени места веќе станала сина поради бојата на тетоважите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг