Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека потпишал согласност за извршување на редовен воен рок во траење од 75 дена.
Објавувањето на оваа информација беше дочекано со аплауз од страна на официјалните лица на церемонијата, пренесува „N1“.
„Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја усвои таа одлука. Сакам да верувам дека сите разбирате колку нѝ е потребна силна армија, уште колку ќе треба да купиме оружје, да правиме, да создаваме. Затоа што не е наша желба да нападнеме некого. Ниту ќе го направиме тоа. Но, наша желба е да ги одвратиме сите оние кои секојдневно нѝ се закануваат“, рече Вучиќ во обраќањето на церемонијата.
Тој неодамна изјави дека државата размислува воведување на воен рок во траење од 60 плус 15 дена, кој би бил задолжителен за мажите, додека жените и натаму би можеле да служат доброволно.