Русија го нападна Киев со дронови

Точка

16/09/2024

08:12

2.252

Големина на фонт

а а а

Во текот на ноќта Русија го изведе својот осми воздушен напад во септември врз Киев, соопшти украинската војска наведувајќи дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле речиси 20 дронови коишто се движеле кон главниот град.


„Руските беспилотни авион се движеа спрема Киев од различни насоки и во различни групи“, изјави на Телеграм, командантот на воената управа Серхиј Попко, а како што кажа тој, според прелиминарните информации немало жртви ниту причинета штета.

Размерот на нападот поради кој Киев беше под предупредување од воздушен напад околу три и пол часа, ќе бидат познати подоцна денес, вели Попко, додека од руска страна немаше никакви коментари. Меѓутоа претходно. Русија има потенцирано дека во нејзините воздушни напади ја таргетира само украинската инфраструктура којашто е клучна за нејзините воени напори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг