[ВИДЕО] Бензема го постигна убедливо најубавиот гол откако направи трансфер во Саудиска Арабија

Дерби

16/09/2024

08:49

1.670

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема подолго време беше доста тивок и ја бараше својата препознатлива форма по лошата прва сезона во Ал Итихад, но се чини дека Французинот изгледа навистина свежи на стартот на втората во Саудиска Арабија.

Откако направи трансфер во оваа земја, Карим денеска го одигра најдобриот меч и запиша хет-трик, но исто така го постигна и најубавиот гол.

Бензема ја најави третата победа во низа на Ал Итихад уште во 2-та минута со мало фудбалско ремек-дело, а тоа всушност се покажа како почеток на кошмарот за Ал Вехда.

Гостите настрадаа во Џеда и примија седум гола во својата мрежа, а три од нив беа дело на легендарниот фудбалер на Реал Мадрид.

Бензема постигна уште два во продолжение од натпреварот, а фаворитот славеше со 7:1 и остана перфектен по три кола, исто како Ал Хилал и Ал Етифак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг