„Треба да се уапси“: Шакира ја напуштила сцената поради скандалозно однесување на фан од публиката, се појави видео од инцидентот

Точка

16/09/2024

23:09

9.597

Големина на фонт

а а а

Светската поп ѕвезда Шакира минатиот викенд била во еден клуб во Мајами каде се качила на сцената кога диџејот ја пуштил нејзината нова песна „Soltera“, која треба да излезе на крајот на годината.

Пејачката заносно танцувала во краток фустан, но потоа следела непријатна ситуација за неа односно ѝ била нарушена приватноста поради што ја напуштила сцената.


Имено, некој од публиката постојано се обидувал да ја фотографира и снима под фустанот, иако истакнала дека тоа ѝ пречи, пишуваат очевидци на социјалните мрежи.

Поради ова Шакира била принудена да ја напушти сцената, судејќи по видеото кое се шири на социјалната мрежа Х, т.е. поранешен Твитер.

„Шакира не може да ужива во сопствената песна и танц“, „Кој и да го направил тоа, треба да биде уапсен за сексуално вознемирување“, „Затоа јас бирам мечка!“, „Се чувствувам анксиозно откако го гледав ова, можам да замислам како се чувствува таа“, се дел од коментарите.

Инаку, Шакира неодамна се пресели во Мајами, откако таа и нејзиниот поранешен сопруг Пике потпишаа договор за старателство над синовите Саша и Милан. Турбуленциите започнаа откако се дозна дека фудбалерот ја изневерувал пејачката со Клара Чиа Марти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг