Ристовски по дебаклот на Динамо во Минхен: Кога ќе примиш девет парчиња…

Дерби

18/09/2024

09:23

1.246

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот шампион Динамо доживеа вистински потоп на гостувањето кај Баерн Минхен, па Стефан Ристовски, Аријан Адеми и нивните соиграчи по лошо ќе го паметат првиот настап во сезоната со нов формат во Лигата на шампионите.


Деветте примени погодоци се клупски антирекорд и донесоа многу критики од фановите, а нашиот Ристовски по натпреварот морал да испрати порака до хрватската јавност и навивачите, барајќи поддршка во тешките моменти за екипата.

– Прво би сакал да им се извинам на навивачите на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас.

– Не е лесно да се застане пред новинарите и да се коментира по ваков пораз, мора да бидеме свесни дека не го претставуваме само Динамо, туку и целиот хрватски фудбал.

– Што и да кажам, истовремено е премногу и премалку, кога ќе изгубиш и ќе примиш девет парчиња… Искусни сме, доста време играме заедно и ова е неприфатливо. Динамо со години градеше имиџ и ова е неприфатливо, но во моментов имам една молба, а тоа е да останеме заедно бидејќи само така можеме да напредуваме, – рекол Ристовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг