Утрински шок од Италија: Де Роси заработи отказ од Рома

Дерби

18/09/2024

10:40

1.562

Големина на фонт

а а а

Даниеле Де Роси веќе не е тренер на Рома и „волчицата“ е во потрага по негов наследник, – објави неочекувано италијанскиот клуб.

Шокантната вест за фановите на римскиот клуб е објавена утринава, а одлуката е донесена по неубедливите настапи на екипата на почетокот на сезоната.


Иако Рома не импресионираше, ретко кој можеше да очекува дека Де Роси, кој важи за клупска легенда, може толку брзо да заработи отказ, посебно што раководството му додели договор по крајот на претходната сезона во која го наследи Жозе Мурињо.

– Одлуката на клубот е донесена во интерес на тимот, со цел навремено да се продолжи по посакуваниот пат, во време кога сезоната се уште е на почеток, – стои во клупското соопштение на Рома.

Рома освои три бода на четири одиграни натпревари од почетокот на сезоната во Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг