Ова е утринската рутина на Владимир Путин: За претседателот на Русија велат дека изгледа одлично во 8-та деценија, а еве како му успева тоа и што појадува

Супермен

02/10/2024

11:12

881

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин се смета за еден од најмоќните луѓе на светот. Тој е пример за виталност и младешки изглед, а иако има 72 години, на неговото лице е тешко да пронајдете изразени брчки, а познат е и по одличната физичка кондиција.

Ако може да му се верува на „Newsweek“, клучот е во неговата утринска рутина, а еве како изгледа истата.

Путин појадува доцна наутро. Појадокот се состои од омлет или голема чинија каша од хељда, јајца од препелица и овошен сок. Кога ќе заврши со оброкот, пие кафе.


Рускиот претседател потоа се посветува на вежбање. Тој посветува два часа дневно на физичка активност, која вклучува пливање, а потоа крева тегови во теретана. Оваа рутина не само што ја одржува неговата телесна форма, туку и придонесува за менталната бистрина и енергија.

Неговиот начин на вежбање и одржување на младешкиот изглед е полемика за многумина поради тоа што Путин изгледа неверојатно младешки со оглед на тоа дека веќе „наголемо гази“ во осмата деценија од животот.


Потоа облекува еден од неговите многубројни костуми со „Valentino“ вратоврска и го започнува работниот ден во раните попладневни часови.

Сепак, некои не можат да поверуваат дека неговиот изглед е природен, а меѓу нив е и пластичниот хирург д-р Гери Мотике, кој го анализирал лицето на Путин на својот канал на Јутјуб.


„Челото на Путин е помазно, така што постои сомнеж дека во одреден момент отишол на ботокс, кој го користи повремено. А потоа се случи 2014 година кога го видовме Путин на Олимписките игри, каде лицето му изгледаше пополно. Како што секогаш велам, пополното лице може да биде последица кога некој се дебелее. Меѓутоа, ако го погледнеме неговото тело, забележуваме дека тој не е многу здебелен и дека најверојатно вбризгувал некои филери во лицето или слични ситни „поправки“. Мислам дека тоа е во ред бидејќи на тој начин изгледа помладо, повитално и одморено“, објаснува тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk