Саша Ристеска од АИТОНИКС: AI решенијата на "Dell Technologies" им гарантираат на бизнисите недостижна конкурентност

Точка

04/10/2024

11:48

6.215

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција се развива со рапидна брзина и веќе е присутна во сите сфери од индустријата, поттикнувајќи иновации и значително трансформирајќи го начинот на кој функционираме и работиме. Повеќе од јасно е дека за бизнисот да продолжи да расте, мора да биде во чекор со најновите технологии. А тука, непобитно е дека вештачката интелигенција е она што веќе ја движи технологијата напред.

Саша Ристеска, продукт менаџер за Dell Technologies во AITONIX, денес споделува со нас за најновите AI решенија од Dell Technologies и придобивките од нивно имплементирање во секојдневното работење на бизнисот.

.- Како AI решенијата од Dell Technologies го трансформираат работењето на бизнисите?

Dell Technologies развива AI решенија кои обезбедуват подобрено управување со податоците и нивна анализа, автоматизирање на рутински процеси и целокупно подобрување на услугите кон крајните клиенти на секој бизнис, овозможувајќи донесување на поинформирани одлуки и можности за зголемен бизнис развој. Сето тоа се надополнува со подобрена IT инфраструктура која со користењето на вештачката интелигенција ја оптимизира распределбата на ресурсите, а IT тимовите се фокусираат на стратешки иницијативи наместо на одржување.

- За какви категории на бизниси се погодни AI решенијата на Dell Technologies?

Решенијата, базирани на вештачка интелигенција, имаат исклучително широка примена и можат да се имплементираат во секаков тип на бизниси. Потребно е да се дефинираат индивидуелните цели и потреби, а тоа е процес во кој ние како дистрибутер на Dell Technologies активно учествуваме. Во последните неколку месеци навистина се зголеми интересот кон имплементација на AI решенија, а компаниите, со кои работиме на таков тип проекти се изненадени од неограничените можности за нивната практична имплементација. Поконкретно, од фактот дека овие AI решенија ги подобруваат резултатите од работењето не само на IT секторот, туку и на сите останати сектори во една компанија - од менаџмент, до финансии, трговија, маркетинг, човечки ресурси итн. Затоа наша препорака, секогаш кога спроведуваме консултации за интеграција на решенија со вештачка интелигенција, е да ги инволвираме сите клучни гранки во една компанија, за да стигнеме до функционално решение со резултати, кои ја издигнуваат компанијата високо над останатите.

- Кога станува збор за AI решенија, зошто Dell Technologies?

Dell Technologies неуморно работат на создавање решенија со вештачка интелигенција кои го олеснуваат работењето во секоја сфера од бизнисот, а нивното портфолио се состои од широка палета на иновативни производи и услуги, end-to-end решенија - почнувајќи од интелигентни компјутери па сè до софтвер и cloud решенија кои им обезбедуваат на бизнисите сè на едно место. Фокусирајќи се на испорака на end-to-end AI решенија, Dell Technologies им помага на бизнисите да отклучат нови можности поттикнувајќи иновации.


- Dell Technologies неодамна ја објави заедничката соработка со NVIDIA - Dell AI Factory, може ли да ни раскажете за што станува збор?

Соработката има за цел да испорача интегрирани хардверски и софтверски решенија кои ги користат моќните графички процесори на NVIDIA и робусната инфраструктура на Dell Technologies. Оваа комбинација ги подобрува перформансите за оптоварувањата со вештачка интелигенција, сервисите, AI софтверот и самата инфраструктура.

Со искористување на силните страни на двете компании, Dell AI Factory има за цел да поттикне побрза иновација во технологиите и апликациите за вештачка интелигенција, помагајќи им на бизнисите да останат конкурентни во окружувањето што брзо се развива.

- Кои AI решенија од Dell Technologies се веќе достапни на македонскиот пазар?

Како што веќе напоменавме, на нашиот пазар Dell Technologies нуди широк спектар на AI решенија дизајнирани да одговорат на различни бизнис потреби.

• Работните станици со вештачка интелигенција кои се опремени со најновите графички процесори NVIDIA RTX и Intel Xeon процесорите, обезбедувајќи ја моќта потребна за развој на AI и Data Science.

• Генеративните решенија за ВИ (Dell Generative AI Solutions) кои ги вклучуваат Dell PowerEdge серверите кои се оптимизирани за градење и имплементирање на генеративни AI модели на локално ниво.

• Dell AI Factory - иницијатива која им помага на бизнисите да ја интегрираат вештачката интелигенција во нивните процеси, нудејќи решенија за создавање содржина, генерирање кодови, дигитални асистенти и компјутерска визија.

• AI решенија за здравството и другите индустрии. На пример, во здравството овие решенија се користат за анализа на медицински слики и предвидлива аналитика.

• Компјутери, лаптопи и работни станици управувани со вештачка интелигенција кои обезбедуваат подобрување на перформансите, продуктивноста, соработката како за секојдневните корисници така и за оние моќните.

- Кои се вашите предвидувања за развојот на вештачката интелигенција во следните неколку години?

77% од бизнис лидерите веруваат дека GenAI ќе има значајно влијание врз нивниот бизнис, заштедувајќи 60-70% од времето на вработените, благодарение на автоматизацијата на работата. Развојот на вештачката интелегенција во следните неколку години ќе биде обликуван од повеќе индустрии и нивното прифаќање за автоматизирање на рутинските задачи, подобрување на продуктивноста и намалување на оперативните трошоци. Исто така и со напредокот на NLP (Natural language processing) ќе се овозможи пософистицирани интеракции помеѓу луѓето и машините со поинтинуитивни чет-ботови, виртуелни асистенти и алатки кои можат подобро да го разберат контекстот. Ќе има и посилен акцент на етичките размислувања, транспарентноста и одговорноста при развојот на вештачката интелигенција, со што компаниите ќе се фокусираат на намалување на пристрасноста во алгоритмите. Индустриите во кои се очекува да се прошири овој тренд се пред сè здравство, производство и логистика, финансии, телеком оператори како и сите сектори од маркетингот, е трговија итн. Правилниот тајминг на внесување на вештачка интелигенција во бизнисите е многу важен, затоа што тие кои што ќе закаснат може никогаш да не успеат да ги достигнат останатите, кои први се одлучиле да направат трансформација и имплементација на AI решенија. Со други зборови - тие кои се храбри и инвестираат први, ќе добијат огромна предност пред конкуренцијата.

Ние во AITONIX, не само што учествуваме во револуцијата на вештачката интелигенција, туку помагаме да се забрзаат идеите во иновации и иновациите во акција. Како долгогодишен партнер на Dell Technologies, располагаме со експертиза и капацитети, благодарение на кои можеме да ги идентификуваме конкретните потреби на нашите клиенти и да им помогнеме да го стартуваат нивното патување во имплементацијата на AI решенија во нивниот бизнис.

За AITONIX

AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Бугарија, Србија, Косово). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нуди компанијата постана клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Motorola, Philips, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.

За повеќе информации за AITONIX и нивните технолошки решенија, посетете ја www.aitonix.mk

Комерцијален текст