„Немав свест, немав пулс...“ Ал Пачино се соочи со смртта на најстрашен начин, а потоа виде дека му доаѓа крајот

Точка

06/10/2024

17:00

3.946

Големина на фонт

а а а

Ал Пачино за еден магазин раскажал каква била неговата средба со смртта и кои според него биле неговите последни моменти.

Познатиот актер Ал Пачино има 84 години, но се уште е вреден и активен во својата работа.

Ова можеби не е изненадувачки ако се земе предвид дека тој стана татко во 2023 година, а со неговата 30-годишна девојка Нур Алфала, тој доби син по име Роман.

Сепак, ниту Ал Пачино не е имун на годините и болестите, па неодамна откри дека во една прилика бил без свест и дека за малку ќе умрел во својот дом додека боледувал од корона вирусот.


- Седев во куќата... и ме немаше, немав пулс - изјави 84-годишното момче за магазинот Њујорк Тајмс во последното издание.

- Прашање беа минути и дали ќе дојде брзата помош да ме земе. Имав околу 8 доктори во дневната соба и ми изгледаа како вонземјани.

Оскаровецот откри дека е во несвест и рече дека се чувствува „невообичаено лошо“ додека се борел со симптомите на Ковид, кои вклучуваат треска и дехидрација.


Сепак, тој не прецизираше кога тоа му се случило. Во тие последни моменти, за кои се покажа дека не е неговиот крај, тој рече дека не ја гледа смртта онака како што мислел.

- Немаше бела светлина. Немаше ништо таму, рече тој. – Никогаш порано не размислував за тоа. Но, знаете актери, звучи добро да се каже дека умрев еднаш. Што има кога нема ништо?

Пачино додаде и дека има нова перспектива кога е смртта во прашање.


— Така е. Јас не го побарав тоа. Доаѓа како многу работи што доаѓаат.

Тој додаде дека неговите деца се неговата утеха за смртта, како и неговиот творечки опус низ децениите. Покрај бебето Романо, тој има уште три деца и наведува дека се труди да биде „најодговорниот татко на светот“.