Премногу алкохол го оштетува срцето, дури и кај младите и здравите луѓе

Точка

08/10/2024

15:24

5.884

Големина на фонт

а а а

Различните видови на аритмии претставуваат нарушувања на срцевиот ритам, а тие се предизвикани од нарушувања во создавањето, односно спроведување на електричниот импулс одговорен за работата на срцето и може да се појават кога поединецот консумира прекумерна количина алкохол, според Германски научни истражувачи, пренесува "HINA".

Тие го проучувале однесувањето на 200 млади мажи и жени кои редовно излегуваат и пијат два до три алкохолни пијалаци. Сите тие имале највисоко ниво на алкохол во крвта од 2,5 промили за време на истражувањето, што значи дека се чувствувале дезориентирани, велат лекарите.

Научниците го проверувале нивниот пулс пред, за време и после консумирање алкохол. Додека учесниците во истражувањето пиеле алкохол, нивниот пулс постепено се зголемувал, а во некои случаи надминувал 100 отчукувања во минута.

Според Британската национална здравствена служба (NHS), уредниот и нормален пулс треба да биде помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута во мирување.


Пет проценти од испитаниците доживеале загрижувачки аритмии, од кои повеќето се случиле откако престанале да пијат алкохол. И додека во Германија се одржува Октоберфест, фестивал посветен на пивото, експертите потсетуваат дека алкохолот може сериозно да влијае на работата на срцето.

„Како кардиолози мораме да кажеме дека ова истражување дава дополнителен доказ за негативниот ефект на акутната прекумерна консумација на алкохол врз здравјето на луѓето“, вели Мориц Синер, кардиолог од Минхен и коавтор на истражувањето објавено во "European Heart Journal".

Научниците велат дека долгорочните последици од аритмиите предизвикани од алкохол врз здравјето на срцето се непознати.


Сепак, според истражувањето спроведено пред неколку години од експерти од Центарот за срцеви и васкуларни заболувања на Универзитетот во Хамбург, дури и редовното консумирање на мали количини алкохол може да резултира со срцева аритмија наречена атријална фибрилација.

Се карактеризира со хаотичен проток на електрични импулси кои предизвикуваат забрзано и некоординирано отчукување на срцето. Тоа може да биде привремено и да започне и да престане самостојно, но некои епизоди може да не исчезнат ако не се лекуваат. Тоа е поврзано со мозочен удар.

Постојат многу видови на нарушувања на срцевиот ритам. Општо земено, срцевите аритмии се групирани според стапката на отчукувања на срцето во минута. Тахикардија е забрзано чукање на срцето, што значи повеќе од 100 отчукувања во минута, а брадикардија е бавно отчукување на срцето или помалку од 60 отчукувања во минута.