Глобалниот пазар на „паметни телефони“ порасна за 5 отсто, Самсунг останува лидер

Точка

16/10/2024

13:33

1.117

Големина на фонт

а а а

„Canalys“ го објави прелиминарниот извештај којшто се однесува на глобалниот пазар на паметни телефони во третиот квартал на 2024 година, а тој покажува дека испораките се зголемувале последователно и на годишно ниво. Според аналитичарите тековниот циклус на замена од јули до септември беше главниот поттикнувач, а конкуренцијата станала посилна од кога било.

Самсунг остана на врвот, но едвај го задржа првото место во третиот квартал бидејќи „Apple“ имал ист удел на пазарот кога процентот бил заокружен на целосна бројка.


„Xiaomi“, „Оppo“ и „Vivo“ ги пополнија првите пет места, но сите очи се вперени во „Apple“, бидејќи американската компанија ја оствари својата најголема продажба во третиот квартал. Постоеше голема побарувачка за „Iphone15“ и новите уреди кои ќе добијат „Apple Intelligence“ овој месец. Сепак главната причина за растот на продажбата на „Apple“ е поместувањето на пазарот кон премиум уредите.


Се очекува дека перформансите на „Iphone 16“ ќе му помогнат на „Apple“ повторно да стане водечка компанија на пазарот на паметни телефони во четвртиот квартал и дека ќе го задржи лидерското место и во првата половина од 2025 година, откако ќе ги прошири своите „AI“ функции на повеќе пазари како што се европскиот и кинескиот. Инаку пазарот на паметни телефони изгледа добро пред сезоната на празнично пазарење.


„Canalys“ потенцира дека пазарот на паметни телефони напредува, но дека одредени добавувачи и понатаму се соочуваат со глобални предизвици кои се однесуваат на креирањето на побарувачката и законите, особено во Европската унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг