Тиктокерка која зборува „меѓусловенски јазик“: Дали разбирате што вели ?

Точка

17/10/2024

22:59

1.921

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката Татјана Инушина неодамна на својот профил објави видео кое привлече големо внимание низ Европа поради фактот што користела непознат јазик што многумина всушност го разбираат.

„Каке јесте? Добредошли в мој блог“, вели таа.

Во видеото Татјана објаснува дека користи „меѓусловенски јазик, кој сите Словени ќе го разберат без да го научат“.

Тоа е затоа што тој јазик ги зема основите од словенските јазици и ги користи за комуникација.

Видеото набрзо собра повеќе од шест милиони прегледи, а многумина напишаа дека целосно ја разбираат оваа девојка.

@tanya_inyshina razumějemo vam čto ja govory? 🇧🇬🇲🇰🇧🇾🇷🇺🇲🇪🇷🇸🇧🇦🇭🇷🇸🇮🇨🇿🇸🇰🇺🇦🇵🇱 #interslaviclanguage #межславянский мой образ на видео от бренда @deelwear ♬ оригинальный звук - Tatyna Inyshina

Инаку, тоа е конструиран јазик, создаден во 2006 година.

Создаден е од група лингвисти од различни земји врз основа на сите словенски јазици.

Улогата на меѓусловенскиот јазик се рефлектира во олеснување на комуникацијата меѓу претставниците на различните словенски народи, но и во помагањето на припадниците на странските народи, кои не зборуваат ниту еден словенски јазик, во комуникацијата со Словените.

@tanya_inyshina @RETRO STAGE SHOP @retrostage_style @retrostage_us ♬ оригинальный звук - Tatyna Inyshina

Меѓусловенскиот би можел да биде добра основа за учење на кој било друг словенски јазик, велат неговите творци.

Сепак, неговата главна цел е да ги премости бариерите за говорителите на словенските јазици, без претходно да учат поединечни јазици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг