100 килограми небезбедно месо, продажба на замрзната чорба, вработени со неважечки санитарни книшки, откриле вонредните контроли на АХВ во Куманово

Макфакс

18/10/2024

12:13

351

Големина на фонт

а а а

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.

„За утврдените недоследности – продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација, изречени се мерки опомена и парични казни во висина од 100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна“, информираат од АХВ.

Појаснуваат дека со инспекциски надзори во овој град опфатени биле и два големи супермаркети кај кои не биле утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг