Во брак се 22 години, а овој детаљ никој не го знаеше: „Тоа беше добитна комбинација“

Точка

23/10/2024

17:04

1.788

Големина на фонт

а а а

Џулија Робертс раскажа интересна податок за неа и нејзиниот сегашен сопруг Даниел Модер со кој има три деца.

Холивудската ѕвезда Џулија Робертс го претставуваше бендот „Dave Matthews“ на овогодишниот настан на „Рокенрол куќата на славните“ и призна дека ѝ била голема чест да го претставува едниот од нејзините омилени бендови.


Таа во оваа прилика откри и еден симпатичен и интересен податок од бракот со сопругот Даниел Модер, американскиот снимател со кој е во брак од 2002 година и со кој има три деца.


Познатата актерка се потсети на првиот танц со сопругот пред многу години, а и денес се сеќава на секој детаљ со жар во очите. Таа имаше посебен повод да го раскаже сето тоа токму на едниот од најголемите музички настани.


„Првиот пат кога танцував со мојот сопруг беше токму со песната на бендот „Dave Matthews“. За мене тоа беше добитна комбинација, бидејќи бев маѓепсана и од мојот сопруг и од бендот“, раскажа Џулија, која е голема обожавателка на овој бенд, и носеше и маица со нивното име.



Спонзорирани линкови

Маркетинг