Германската влада го повика "Volkswagen" (VW) да ги заштити работните места, бидејќи претставниците на работниците во компанијата најавија планови за затворање на најмалку три фабрики во земјата и отпуштање на десетици илјади работници.
Ставот на канцеларот Олаф Шолц е јасен, изјави владиниот претставник во Берлин. „Имено, евентуалните погрешни одлуки на менаџментот во минатото не треба да бидат на товар на работниците“, рече тој.
Целта е да се зачуваат и обезбедат работните места во автомобилскиот гигант.
Претседателката на работниот совет на "VW", Даниела Кавало, претходно изјави дека концернот планира да затвори најмалку три фабрики и да направи отпуштања во сите други фабрики во Германија.
Кавало и другите претставници на работниците ветија дека ќе се спротивстават на какви било отпуштања.
Може ли "Golf" да го спаси "VW"?
Иако повеќе не е лидер во европската продажба на нови автомобили, "Golf" и понатаму е најважниот и во исто време најпродаваниот модел на "Volkswagen" со 20 отсто поголема продажба оваа година од лани.
"Golf" исто така ги надмина сите електрични модели на "VW" заедно, иако беше речиси линчуван поради нив.
"Golf 8" беше лансиран во најтешкото време за овој модел. Имено, тој пристигна на пазарот во моментот на електрификација и на пазарот и на брендот, додека сопствениците бомбастично најавија прекин со минатото и преминување кон електромобилност.
"Golf" е единствениот модел на "VW" кој за девет месеци забележа раст на продажбата од дури 20 проценти. Речиси 165.000 различни верзии на "Golf" се регистрирани во Европа во периодот јануари – септември.
Спротивно на тоа, најпродаваниот електричен модел, "ID. 4", испорача нешто помалку од 46.000 единици. Сите други електрични модели, заедно со најпродаваните, не можат ни да се доближат до „класичниот“ Golf.