Чоколадни американски палачинки: Уште послатки од класичните, се топат во уста и верувајте – вакви досега не сте јаделе

Точка

30/10/2024

21:15

1.657

Големина на фонт

а а а

Американските чоколадни палачинки со чоколаден прелив се лесни за правење и десерт што ќе ве воодушеви, а подобри се од обичните палачинки.

Состојки:


• 250 грама брашно;

• 350 мл млеко;

• 50 мл јогурт;

• 50 мл павлака за готвење;

• 4 лажици стопен путер;

• 2 јајца;

• 1 ќесичка ванилин шеќер;

• 1 ќесичка прашок за печиво;

• екстракт од ванила;

• прстофат сол;


• 150 грама темно чоколада;

• 50 грама мелени лешници;

• 50 грама мелени бадеми;

• сируп од агаве или стевија.

Подготовка:


Во сад изматете ги белките со ванилиниот шеќер, па додајте ги другите влажни состојки. Добро измешајте со миксер.

Растопете ја црната чоколада и измешајте ја со смесата додека не стане компактна. Одделно измешајте ги брашното, засладувачот и мелените бадеми и лешници. Додајте ја смесата со брашно во садот, па повторно добро измешајте. Печете додека палачинките не добијат темнокафена боја, на средна температура.


Послужете ги палачинките наредени една врз друга со топка сладолед или овошје одозгора и прелиени со чоколаден прелив.

Добар апетит!

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг