[ВИДЕО] Официјалниот „teaser“ за втората сезона на „Squid Game“ за само 12 часа собра повеќе од шест милиони прегледи

Точка

01/11/2024

15:33

2.584

Големина на фонт

а а а

Нетфликс вчера го објави официјалниот „teaser“ од долгоочекуваната втора сезона на „Squid Game“ којшто за само 12 часа собра повеќе од шест милиони прегледи.

Откако пред три години оваа јужнокорејската серија привлече огромен интерес, гледачите со нетрпение ја очекуваа втората сезона. Платформата за стриминг оваа година објави дека втората сезона ќе започне да се емитува од 26 декември и ќе со емитување во текот на 2025 година. Исто така соопштија дека и третата сезона ќе биде објавена следната година.

Корисниците на социјалните мрежи веќе се воодушевија од официјалниот „teaser“, особено од тоа како ликот на Ги-Хун се развил во однос на првата сезона. Интересно е и тоа што во септември беше објавен специјален „teaser“ но судејќи по коментарите, новиот „teaser“ предизвика подобри реакции кај публиката.


„Од насмевки во првата сезона до сериозна фаца во втората“, „Ми се допаѓа што Ги-Хун ја презема контролата“, „Изгледа понапнат од првата сезона“, „Едвај чекам“, „Јас ова го чекав три години“, „Добре дојдовте назад“, „Ми се допаѓа“, беа само дел од коментарите на обожавателите на серијата.

Дејството во втората сезона започнува со Ги-Хун – играч 456, кој ја освои првата сезона. Тој е решен да ги пронајде луѓето кои ја дизајнирале играта и да ги запре нивните игри. Ги-Хун ја започнува својата мисија на местото каде што го пронашол човекот кој игра дакји. Кога ќе се случи тоа, тој мора повторно да влезе во играта.


Инаку, откако серијата стекна голема популарност, на сличен принцип започна и реално шоу, а наскоро ќе излезе и „Squid Game: Unleashed“. Играта е развиена од Boss Fight и Netflix Game Studio, а се работи за „party royal“ игра со 32 играчи, која носи бројни предизвици за гејмерите, кои ќе ги препознаат од серијата.


Инаку, откако серијата се здоби со голема популарност, беше започнато и „reality show“ според сличен принцип, а наскоро ќе биде објавена и видеоиграта „Squid Game: Unleashed“. Играта ја креираа „Boss Fight“ и „Netflix Game Studio“, а се работи за „party royal“ игра со 32 играчи, која носи бројни предизвици за гејмерите, коишто тие ќе ги препознаат од серијата.