[ФОТО] Овој автомобил можете да го имате само ако ве извлечат на лотарија

Точка

08/11/2024

17:12

6.726

Големина на фонт

а а а

„Nissan“ го надгради моделот „Fairlady Z“ во Јапонија, освежувајќи ја палетата на бои и додавајќи нови безбедносни карактеристики.

Иако ова можеби не е револуционерен редизајн, еден потег на јапонската компанија не можеше да остане незабележан – тоа е, се разбира, враќање на полноќно виолетовата боја.


„Nissan Fairlady Z“ дебитираше во сериска форма во 2023 година, што значи дека ова е втора надградба. „Nissan“ ја остави каросеријата недопрена, но новите опции за бои го освежуваат нејзиниот изглед.


Ажурираната палета на бои сега вклучува 11 нијанси. „Midnight Purple“ е иста како кај моделите „Skyline“, „Ariya EV“, „Note Aura“ и „R35 GT-R“.


Нарачките за „Fairlady Z“ во Јапонија се привремено суспендирани, но ќе продолжат на крајот на ноември. Првите примероци треба да пристигнат во јапонските салони во февруари, но има еден важен момент.


Како што пренесува локалниот медиум „Creative Trend“, производството ќе биде ограничено на 4.100 примероци, вклучувајќи 3.100 примероци на стандардниот „Fairlady Z“, 500 „Nismo“ примероци и уште 500 демо автомобили.


Поради ограничениот број, потенцијалните купувачи ќе треба да влезат на лотарија преку нивниот зстапник за да добијат еден од овие модели.