[ФОТО] Џејда Пинкет фотографирана на вечера со Вил Смит: Обожавателите загрижени поради нејзиниот изглед

Точка

12/11/2024

11:13

2.490

Големина на фонт

а а а

Актерката и сопругата на Вил Смит повторно го привлече вниманието во текот на нејзиното последно појавување во јавноста. На седми ноември Џејда и Вил беа фотографирани кога заминуваа од ресторанот „Crossroads Kitchen“ во Клабасас во Калифорнија. Притоа парот уживал во вечерата окружени со пријателите и познатиот мотивациски говорник Џеј Шети.

Ова беше прв пат по шест месеци двајцата да бидат видени заедно, а нивното појавување предизвика поделени реакции помеѓу обожавателите, кои забележаа промени во изгледот на Џејда. И покрај тоа што и двајцата делуваа опуштено и добро расположени, многумина забележаа дека Џејда изгледа поинаку од порано.


Обожавателите се загрижени

Џејда носеше Гучи јакна, бела маичка и фармерки, а нејзиниот изглед привлече големо внимание поради нејзината коса – избричената глава и избелените веѓи. На социјалните мрежи, нејзините обожавателите веднаш ја изразија својата загриженост. „Се прашувам дали е добро Џејда“, „Покрај губењето на косата, дали страда од уште некоја болест?“, „Џејда изгледа лошо, што се случува со неа?“, беа само дел од коментарите.



Потсетуваме во октомври 2023 година, во текот на промоцијата на нејзините мемоари „Worthy“, Џејда откри дека таа и Вил се разделени од 2016 година, но дека формално се сè уште во брак. Исто така, во 2018 година, Џејда за прв пат отворено прозборе за нејзината борба со автоимуното заболување – алопеција, кое предизвикува опаѓање на косата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг