Сопругата на Вејн Руни откри зошто останала во брак со него и покрај тоа што ја изневерувал

Точка

12/11/2024

12:39

2.206

Големина на фонт

а а а

Колин Руни изјави дека останала во брак со сопругот Вејн Руни и покрај тоа што тој ја изневерил, бидејќи помеѓу нив отсекогаш постоела љубов.

„Заедно поминавме низ тешки и добри времиња. Добро се познаваме. Вејн и јас сме тим, си помагавме еден на друг низ животот“,изјави Колин.


Таа исто така додаде дека е научена на работите да гледа од позитивната страна, и дека токму поради тоа на крајот сè е во ред.


„Мојот татко отсекогаш ми велеше: „Постојат полоши работи од она низ кое ти сега поминуваш“, Си велам себеси: „Колин, прифати го тоа“. Тоа отсекогаш ме насочуваше во животот. Кога се работи за Вен и мене, тука сè уште постои љубов. Зошто да се откажеме кога можеме да работиме на тоа? Доколку се обидете и не успеете, тогаш можете да заборавите на тоа и да си заминете по својот пат“, раскажа Колин.



Таа исто така изјави дека тие никогаш не сакале да се разделат и покрај тоа што имало ситуации кога тоа можело да се случи.

„Постоеше можност да не успееме, но успеавме. Така гледам на работите. Се надевам дека остатокот од нашиот брак ќе биде спокоен“, додаде Колин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг