Стојановски: Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана

Макфакс

21/11/2024

20:15

429

Големина на фонт

а а а

Добро е што има кој да мисли на граѓаните, а тоа е Владата, која на денешната седница донесе и одлука не за некаква награда, туку апсолутно тоа е позајмување на гориво до Градот Скопје и ЈСП, изјави советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски.

Советничката група на Левица остро ја критикуваше градската власт. Нивната критика наиде на контрареакција од советникот Мартин Стојановски.


„Па сакам, ете, јавно да ја прашам советничката Катерина, зошто сеуште три директори од партијата Левица имаат во јавните установи на Градот Скопје и зошто, ако не се сложуваат со политиките на актуелната политичка градска власт, одамна не ги напуштија местата и не беа дел од градските институции? Сомнително е зошто толку се сменија 40 тина директори, а не се сменија токму тие 3 директори, не се пипнати од политичката партија Левица,“ рече Стојановски.

„Да не го политизираат ова, колешката Катерина од советничката група на Левица, мислам дека политички го одржа својот говор денеска на оваа седница“, истакна Стојановски.

И покрај владината интервенција, останува прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз.

„Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана од страна на Градот Скопје и повторно автобусите би требало да возат, секако доколку тоа успеат службите од Градот Скопје да го менаџираат“, рече Стојановски.

Додаде дека за граѓаните, оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг