Фенербахче вчера оставри убедлива победа во домашното првенство и го декласираше Кајсериспор со 2:6, а по натпреварот, Жозе Мурињо ја искористил средбата со новинарите за да демантира една вест која се прошири во изминатите неколку дена.
Сензационалните гласини за можна нова соработка на Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо во Истанбул предизвикаа големи реакции во јавноста, но сега искусниот стручњак реши да ги демантира ваквите шпекулации, и тоа на начин кој е препознатлив за него.
– Вестите за Кристијано Роналдо и Фенербахче се смешни. Кристијано може да дојде во Истанбул само за една работа, но не за трансфер.
– Може да дојде во Истанбул на ручек, бидејќи тоа му е на пола пат измеѓу Саудиска Арабија и Португалија. Можеби ќе го направи тоа и за да го види својот стар пријател Жозе. Јас ќе го пречекам и ќе ручаме во мојот хотел, – изјавил Жозе во свој стил.
Мурињо и Роналдо заедно соработуваа во Реал Мадрид и изградија навистина добра комунинација, однос кој успеаја да го негуваат и во продолжение од кариерите во кои се сретнаа и како ривали.