СДСМ реагира: Администрација е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри

Макфакс

27/11/2024

12:23

210

Големина на фонт

а а а

Изјавите на Мицкоски за деполитизирана и професионална администрација се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација, реагира СДСМ на изјавите на премиерот за јавната администрација.

Од опозициската партија велат дека администрацијата е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри.

„Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ. Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност. Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?“, велат од СДСМ.

Додаваат дека јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси, а за тоа потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг