Премиерот на Ирак: Нема да дејствуваме како обичен набљудувач во Сирија

Макфакс

03/12/2024

18:52

503

Големина на фонт

а а а

Ирак нема да дејствува како обичен набљудувач во Сирија, каде што се верува дека групи и секти се жртви на етничко чистење, изјави денеска ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

За време на разговорот со Ердоган, тој рече дека Ирак ќе вложи максимални напори за зачувување на безбедноста на Ирак и Сирија, пренесе Ројтерс.

„Ова што денес се случува во Сирија е во интерес на ционистичкиот ентитет, кој намерно бомбардираше воени локации во Сирија на начин што им го отвори патот на терористичките групи да контролираат дополнителни области во Сирија“, рече ирачкиот премиер во телефонскиот разговор, се вели во соопштението од неговиот кабинет.