Родри го советува Сити да го „одврзе ќесето“ за трансфер целта на Арсенал: Уште утре би го земал со себе во Манчестер

Дерби

04/12/2024

09:11

1.304

Големина на фонт

а а а

Родри ја доби „Златната топка“ за време на церемонијата во Париз и беше прогласен за најдобар светски фудбалер, но шпанскиот фудбалер доби огромно признание и од угледниот мадридски медиум „АС“ за време на гала вечерта во шпанската престолнина.

За разлика од „Франс Фудбал“, „АС“ го прогласи играчот за врска за спортист на годината и му додели уште едно признание, а при подигнувањето на истото, Родри добил прашање за еден колега од репрезентацијата, за кого се очекува трансфер по крајот на оваа сезона.


Нико Вилијамс си осигура голем број следбеници со настапите на Европското првенство, па иако досега во редот на заинтересирани клубови се издвоија Арсенал и Барселона, Родри го советува Сити дека не би требал да штеди за таков талентиран фудбалер.

– Би го земал уште утре со мене во Манчестер, немам дилеми во тоа. Пред да го земам, ќе мора да му поделам лекции за ладното време во Англија, иако тоа е нешто слично со времето во Билбао.

– Како и да е, би го земал со мене во Манчестер во секој момент, во тоа не би се двоумел ниту секунда, – потенцира Родри.