[ВИДЕО] Како звучи "Alfa" при забрзување до 333 km/h?

Точка

05/12/2024

20:14

5.545

Големина на фонт

а а а

Ако некогаш сте си го поставиле ова прашање, сега конечно можете да го добиете одговорот.

Секако, се работи за видео, бидејќи веројатноста некој од нас да има можност да седне зад воланот на најспецијалната "Alfa" во поновата историја е мала. Италијанскиот производител сега објави видео од патеката Нардо, каде болидот беше подложен на бројни динамички тестови.

И додека тимот се занимаваше со „динамички параметри како што се аеродинамиката, температурата на моторот, звучната изолација“, најголемото задоволство секако беше ловот за максимална брзина. Автомобилот ги тестираше своите максимални можности во однос на брзината и забрзувањето на патеката долга 12,6 километри.


Тука пред сè мислиме на спринтот до 100 km/h што го постигнува за помалку од 3 секунди, но и максимумот кој официјално е 333 km/h.

Да потсетиме, сето тоа го овозможува 3.09 "V6" твинтурбо моторот кој произведува над 620 коњски сили, а во комбинација со осумстепениот автоматски менувач ги придвижува задните тркала. Да кажеме и дека овие тестови потврдија дека растојанието за сопирање на оваа "Alfa" од 100 km/h е одлични 33 метри. Ќе бидат произведени 33 примероци, а сите се веќе продадени по цена од околу 1,7 милиони евра.