[ФОТО] Мадона ја запрепасти јавноста: „Ова е срамота, што не е во ред со неа?“

Точка

14/12/2024

14:09

7.157

Големина на фонт

а а а

Мадона предизвика контроверзии во јавноста откако сподели фотографии од неа со папата Франциско генерирани со вештачка интелигенција.

Во петокот, Мадона сподели две лажни фотографии на нејзиното Инстаграм стори на кои изгледа како папата да станува премногу близок со неа.

Овој нејзин потег доаѓа сред нејзиниот долгогодишен конфликт со Католичката црква, кој трае повеќе од три децении, пишува Дејли Мејл.

Покрај генерираните слики од нивната средба, кралицата на попот, 66-годишната Мадона, напиша: „Го започнувам викендот како …“

Таа исто така напиша и дека е „добро да се биде видена …“ преку лажната фотографија на која папата е прикажан со ставена рака околу нејзината половина, а неговото лице е многу блиску до нејзиното.


На фотографиите, пејачката на хитовите како „Like A Virgin“, која го задеваше верскиот лидер минатата година додека беше на турнеја во Милано, откако наводно била екскомуницирана од црквата.

Поп-ѕвездата предизвика контроверзии, а обожавателите почнаа да ги споделуваат своите реакции на социјалните мрежи.

Многу нејзини обожаватели објавуваа твитови на Х (поранешен Твитер) и се прашуваа зошто таа би споделила такви фотографии.


„Зошто би го направила тоа?“, „Ова е неетичко и погрешно“, „Што не е во ред со неа“, „Ова е срамота“, беа само некои од коментари на Х.

Мадона и претходно беше осудена од Католичката црква поради нејзиното наводно богохулно однесување. На крајот на 20 век, таа постојано беше критикувана од Ватикан и неколку папи за нејзините контроверзни музички настапи.


Во мај 2022 година, таа објави твит упатен до папата Франциско во кој го замоли да се состанат за да разговараат за „некои важни работи“ – особено за нејзиното „богохулно“ однесување.

Мадона тогаш напиша: „Здраво@PontifexFrancis – Јас сум добар католик. Се колнам! Мислам, не се колнам! Поминаа неколку децении од мојата последна исповед. Дали би било возможно да се сретнеме еден ден за да дискутираме околу некои важни работи? Екскомуницирана сум три пати од црквата, тоа не ми делува фер. Искрено, Мадона“.