[ФОТО] Ким Кардашијан во гламурозно издание: И покрај повредата ја отвори својата продавница во Њујорк

Точка

14/12/2024

18:01

4.845

Големина на фонт

а а а

Американската инфлуенсерка Ким Кардашијан и покрај тоа што ја скрши ногата, се појави на свеченото отворање на нејзината нова продавница на брендот „Skims“ во Њујорк, каде привлече големо внимание.

На отворањето Ким блесна во кожен комбинезон во беж боја, кој го истакна нејзиното деколте. И покрај тоа што го скрши стапалото, Ким не се откажа и се одлучи да носи високи потпетици.




Иако не прецизираше како дошло до скршеницата, таа претходно на својот Инстаграм профил сподели дека доживеала несреќа, со коментар: „Скршено стапало за празниците“.

Свеченото отворање собра бројни познати личности, а посебно внимание привлекоа Карди Би, Тејана Тејлор, Сиара и Лала.

Овој простор пред две децении беше домаќин на брендот „Versace“, а сега премина во сопственост на „Skims“. Сместена веднаш до вилата на Картие, ова е шестата продавница на брендот, но најголемата и најимпресивната досега.

Зборувајќи за продавницата, Ким Кардашијан истакна дека дизајнот на просторот е инспириран од висок сјај, монохроматски бои и разновидни материјали и текстури, а сè во согласност со естетиката на нивните препознатливи логоа.


Оваа нова продавница е секако голем чекор напред за брендот, кој неодамна беше проценет на неверојатни 4 милијарди долари.