Џенифер Лопез на Инстаграм објави видео во кое го рекламира својот бренд на коктели – Делола, а за таа прилика се појави во свечено празнично издание со кое привлече огромно внимание.
55-годишната пејачка се појави во црвен фустан со длабоко деколте, кој остави малку простор за фантазијата, а додека го подготвуваше коктелот, вниманието на многумина беше насочено кон друго нешто.
Видеото ги воодушеви обожавателите
„Голтка божиќна магија“, напиша пејачката под видеото кое ги воодушеви обожавателите. „Џеј Ло е совршена“, „Секогаш добро презентира“ и „Утре правам коктел“, беа дел од коментарите под снимката на пејачката.
Потсетуваме, Лопез неодамна беше снимена со нејзиниот нов асистент и телохранител, чиј изглед ги воодушеви фановите, додека неодамна се прошири една интересна ситуација од интервју во кое една новинарка се пошегува на сметка на нејзината возраст, што не помина баш најдобро.