Трагедијата на Џорџ Мајкл: Скандали, зависности и семејни притисоци што го уништија музичкиот гениј

Точка

25/12/2024

22:24

3.236

Големина на фонт

а а а

Џорџ Мајкл беше една од најголемите музички ѕвезди, но никогаш вистински не почувствува среќа.

Неговата приказна започна во семејство кое најмалку го ценеше и се обидуваше да ги потисне неговите таленти, ставајќи го во строги рамки.

Поминаа точно осум години откако нè напушти Џорџ Мајкл, еден од најавтентичните пејачи на сите времиња, кој остави неизбришлива трага на светската музичка сцена. Иако фановите го обожаваа и со воодушевување го скандираа неговото име, семејството му беше најголемата пречка. Не веруваа во неговите таленти и можности, го сметаа за изрод, а главна тема на расправа беше неговата сексуална ориентација. Со текот на времето, неговиот заштитен оклоп, изграден за да се брани од осудите, се кршеше, а Џорџ стануваше зависник. По скандалот во јавниот тоалет, неговиот живот тргна надолу...


Џорџ Мајкл е роден во грчко-кипарско семејство во 1963 година. Музиката ја обожаваше уште од рана возраст, а на музичката сцена се прослави како дел од поп-дуото Wham! во 1980-тите, станувајќи една од најуспешните и најомилените поп ѕвезди на своето време.

Групата Wham!, основана со неговиот соученик Ендру Риџли, издаде два албума кои стигнаа до врвот на топ-листите. Меѓу нивните најголеми хитови беа: Last Christmas, Club Tropicana и Wake Me Up Before You Go-Go.

Својата соло кариера ја започна во 1984 година со песната Careless Whisper, која стана глобален хит и еден од симболите на неговата кариера. Некои од неговите најпознати фанови беа принцезата Дијана и принцот Чарлс, со кои подоцна стана пријател.

Семејството како најголем камен на сопнување

Џорџ Мајкл никогаш не доби поддршка од своите родители. Татко му тврдеше дека не знае да пее, а мајка му со години инсистираше дека не е геј. Иако знаеше дека го привлекува спротивниот пол, не можеше да се соочи со вистината поради нејзиниот притисок.


Долго време живееше убеден дека е бисексуалец.

По огромниот успех во 1980-тите и раните 1990-ти, неговиот живот беше обележан со трагедии и контроверзи. Во 1997 година беше уапсен поради сексуален чин во јавен тоалет во Лос Анџелес, по што јавно призна дека е хомосексуалец.

„Почнав сериозно да се дрогирам уште пред распадот на Wham!, кога сфатив дека не сум бисексуалец – ме привлекуваат само мажи. Тоа ја уби мајка ми,“ изјави Мајкл во интервју во 1999 година.


Неговата мајка, Лесли Анголд, со која беше многу блиска, почина од рак, а во исто време го загуби и емотивниот партнер Анселм Фелепа, кој почина од СИДА. Тие трагични настани доведоа до дијагноза на депресија во 1997 година.

„Губењето на мајка ми и партнерот за само три години беше премногу. Борбата со огромната депресија беше неизбежна,“ рече тој во едно интервју.

Почина на Божиќ

Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст. Во 2016 година, неговото момче Фади Фавез го пронајде мртов во кревет. Лекарите утврдија дека причината за смртта е срцев удар.


500 љубовници за 7 години

По неговата смрт, се открија бројни детали за неговиот живот. Пирс Морган, уредник на Daily Mail, напиша дека Мајкл во приватен разговор признал дека за седум години имал дури 500 љубовници.

Трагедија и за неговата сестра

Неговата сестра Мелани (55) почина на ист ден и на ист начин како и Џорџ – на Божиќ. Семејството тврдеше дека не можела да ја преболи неговата смрт, а стресот што го предизвика Фади дополнително го влошил нејзиното здравје.

Фади Фавез, пак, ги шокираше сите со објавата на Фејсбук, каде што напиша дека Џорџ Мајкл бил „голема грешка во животот“.