[ФОТО] Дајте ѝ шанса: Земјата на огнот во која пивото ќе го платите помалку од 1,50 евра, а ручекот 9 евра

Точка

30/12/2024

13:51

3.353

Големина на фонт

а а а

Иако пред неколку години зема замав како една од најбрзо растечките туристички земји во светот, Азербејџан и понатаму не се наоѓа многу високо на листата на оние кои најмногу патуваат. Поради тоа, оваа држава пред некоја година, побара од туристите да ѝ дадат „втора шанса“ како и да размислат и да го испланираат патот до „Земјата на огнот“.

Азербејџанската туристичка заедница своевремено започна кампања наречена „Take Another Look“, а целта им беше двојно да го зголемат бројот на туристи. Затоа, тие воведоа онлајн визен систем со кој се олеснува посетата на земјата, а добрата вест е што и Казахстан и Узбекистан го поедноставија добивањето визи, а со тоа ја олеснија посетата на целиот регион.




Во последниве години земјата доживеа економски процут, а причината за тоа е нафтената индустрија. Во главниот град никнаа мноштво модерни згради и објекти кои од ден на ден се зголемуваат.


Но, одличната вест е дека надвор од урбаните градски средини ве очекува одлична природа, истражување на селата и можност за планинарење.


„Домаќините едвај чекаат да ја споделат својата култура, кујна и земја со гостите. Меѓу другото, низ изминатите илјадници години патиштата кои минуваат низ нашата земја беа домаќини на бројни патници, трговци и други“, рече Флоријан Сенгстшмид, директор на туристичката заедница на Азербејџан.


Тврдењето дека вреди да се посети оваа прекрасна земја, можеби ќе звучи поубедливо кога ќе спомнеме дека половина литар домашно пиво во ресторан во главниот град Баку чини помалку од 1,50 евра, а мала кола е 0,70 евра. Ручекот во ресторан е исто така со пристапни цени и чини околу 9 евра по лице, додека во продавниците можете да купите леб за само 0,44 евра.