Германскиот производител на воздушни таксија "Volocopter" прогласи банкрот

Точка

30/12/2024

16:15

1.410

Големина на фонт

а а а

Компанијата има потреба од финансиски средства кои ќе и овозможат да ги преземе последните чекори за излез на пазарот, рече новиот стечаен управител назначен од судот.

Германскиот производител на воздушни такси "Volocopter" прогласи банкрот додека бара нов инвеститор, објави компанијата од своето седиште во Бручсал во близина на Карлсруе.

„Компанијата има потреба од финансиски средства кои ќе и овозможат да ги преземе последните чекори за излез на пазарот“, рече новиот стечаен управител назначен од судот.


На "Volocopter" сè уште му треба сертификат од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија (EASA) за неговиот електричен вертикален авион за полетување и слетување (eVTOL) за да може да превезува патници.

"Volocopter" постапува со претпоставка дека следната година ќе се најде инвеститор и покрај тоа што во четврток поднесе барање за стечај.


„Во националниот и меѓународниот натпревар технички сме далеку напред, во однос на летачкото искуство и во процесот на сертификација“, изјави извршниот директор Дирк Хоке. Хоке треба да ја напушти компанијата на крајот на февруари.

Минатата недела германскиот пионер во производството на мали електрични авиони "Lilium" најде инвеститор кој ќе го спаси од банкрот.


Конзорциумот инвеститори, "Mobile Uplift Corporation", потпиша договор за купување на стартапот кој развива мали електрични авиони со вертикално полетување и слетување во последните десет години, потсетува агенцијата "Dpa".