[ФОТО/ВИДЕО] Ана Ивановиќ го направи она што денес ретко кој се осмелува: Позирала бeз фотошоп и филтри, и сите гледаат само едно

Точка

04/01/2025

16:37

4.499

Големина на фонт

а а а

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ не подлегна на „магијата“ на естетската хирургија, туку го негува својот природен изглед.

Ана Ивановиќ е многу активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од своето секојдневие, покажува како се грижи за себе, како тренира, често објавува фотографии од своите патувања, а она што многумина го забележале е дека ниту една нејзина фотографија не е фотошопирана.

Таа е една од ретките јавни личности која освен што негува природен изглед, не користи ниту филтри ниту фотошоп на социјалните мрежи за да изгледа уште поубаво на фотографиите.


Таа не подлежи на стандардите на вештачка убавина, но внимателно се грижи за својата убавина, со која ја воодушевува околината уште од мала.

Сепак, она што многу од нејзините следбеници го коментираат е дека не ѝ треба фотошоп бидејќи изгледа прекрасно и негувано.

„Природно и прекрасна“, „убавина“, „прекрасно изгледаш“, „негувана и убава“, „е, ова е убавина“… се само дел од коментарите под нејзините објави.


Во текот на повеќе од една деценија, додека професионално играше тенис, постигна сè – беше прва на ВТА листата, освојуваше Грен слемови, Мастерс, но потоа реши да се повлече и да се посвети на подигање семејство.

Среќата ја пронајде со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер со кој се омажи во јули 2016 година во Венеција и добија три сина.