Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар е идентификувано. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери кој исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.
Испитувањето на случајот продолжува.