Кузеска: Одговорноста е кај Гаши и за Даути и за незакажување на седницата на Комисијата

Макфакс

15/01/2025

13:17

199

Големина на фонт

а а а

Одговорноста е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, и за Даути и за незакажувањето седница на Комисија. Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ. Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши“, посочува Кузеска и додава:

„Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе“.