Вид на куфер кој има најголема веројатност да се загуби на патувањата

Точка

21/01/2025

19:39

700

Големина на фонт

а а а

Иако е јануари, многу луѓе веќе почнуваат да размислуваат за своите летни одмори, кои го вклучуваат и избор на куфер.

Постојат многу опции за избор, а причините за размислување околу видот на куферот кој треба да се избере се многубројни. Дали сакате куфер во светли бои? Со тврди или меки страници? Што е со големината? Постојат многу нешта за размислување, но кога конечно ќе донесете одлука, ќе се чувствувате одлично … сè додека вашиот куфер не исчезне, пишува „UNILAD“.


Откако ќе поминете низ проверките и ќе се качите на летот, можеби ќе помислите дека сè е готово и дека сè што треба да направите е да го земете куферот по пристигнувањето на вашата дестинација.

Меѓутоа, постои еден фактор кој можеби не го земавте предвид при изборот на куфер. Имено постои специфичен тип на куфер кој има 40 отсто поголема веројатност да исчезне.

Според истражувањето на „Еминент“, луѓето почесто избираат црни куфери, што го отежнува нивното препознавањето меѓу другите куфери. Зошто тоа прави разлика? Па, експертот за патувања од американската компанија „Wild Packs“, Џејми Фрејзер, објасни дека е клучно да се препознае куферот на лентата за багаж.


Фрејзер рече дека треба да се избегнуваат црните куфери, кои обично имаат тркала, доколку не сакате да ги измешате вашите куфери со туѓи. Според него, „црните куфери се најчестиот вид багаж на глобално ниво, што ги прави најтешки за идентификување и најверојатно е дека тие ќе исчезнат“.


„Наместо тоа, изберете пошарена варијанта или додајте уникатни детали што ќе го направат лесно препознатлив“, рече тој, и додаде дека ознаката со податоци треба да биде безбедно прикачена и на рачката на куферот, без разлика на неговата боја.